slogan-inner
blueline

SEO (оптимизација за пребарувачи)

85% од корисниците наоѓаат нови веб сајтови преку интернет пребарувачите. Меѓутоа, да се има само привлечен веб сајт не е доволно. 90% од корисниците не прелистуваат понатаму од првите 3 страници од резултатите на интернет пребарувачите. Затоа Ви се потребни професионални SEO услуги.

Главната цел на SEO е да го подобри рангот на Вашиот веб сајт на повеќето главни интернет пребарувачи. Веб сајтови кои имаат поголема он-лајн видливост, имаат поголеми шанси да генерираат повеќе сообраќај до нивниот веб сајт. Ние можеме да ви помогниме да го проширите Вашето он-лајн присуство и да го подобрите Вашиот природен ранг, преку оптимизирање на Вашиот сајт за интернет пребарувачите, и да овозможиме Вашите корисници полесно да ги пронајдат производите и услугите кои ги нудите.

Оптимизација во рамките на сајтот

Проценување на сајтот

Ќе извршиме проценување на Вашиот веб сајт дали е оптимизиран за интернет пребарувачите, ќе ги истражиме елементите кои влијаат врз Вашиот ранг и ќе утврдиме кои од елементите треба да се оптимизираат за да се подобри Вашето рангирање на интернет пребарувачите.

Оптимизација на содржината

Ќе ја реструктуираме содржината на Вашиот веб сајт за да ја оптимизираме за интернет пребарувачите и ќе додадеме соодветни клучни зборови и клучни фрази во соодветна пропорција на големината на содржината на Вашиот сајт.

Оптимизација на 'Title Tag' (насловниот таг)

Насловниот таг му дава информации на интернет пребарувачите за содржината на Вашата страница. Ние ќе Ви креираме уникатни 'title tags', поединечно за секоја од страниците на Вашиот сајт, составени од најбитните клучни зборови соодветни за страницата.

Креирање на 'Meta Keyword and Description Tags' (мета клучни зборови и опис тагови)

Мета таговите се важни од гледна точка на корисниците и можат да Ви помогнат да ја зголемите Вашата 'click-through' стапка. Ние ќе Ви креираме уникатни 'meta tags' поединечно за секоја од страниците на Вашиот сајт, вклучувајќи ги најбитните клучни зборови во нив.

Оптимизација на линкови

Линкови составени од клучни зборови имаат многу поголема вредност и влијаат врз рангирањето на Вашиот сајт во интернет пребарувачите. При креирање на линкови, ќе ги вклучиме најбитните клучни зборови во нив.

Неправилни (грешни) линкови

Неправилен линк е линк кој не функционира и често води до непостоечка страна. Неправилните линкови негативно влијаат врз интернет пребарувачите. Ние ќе го провериме вашиот сајт и ќе ги поправиме или отстраниме сите неправилни линкови.

Креирање на robots.txt

robots.txt фајлот служи за давање на инструкции на веб роботите за вашиот сајт. Може да се користи за да спречите одредени делови од Вашиот сајт да бидат регистрирани од страна на ботовите или пак за да издадете индивидуални наредби на одредени интернет пребарувачи.

Статички 'URLs' (веб адреси)

Веб адреса составена од полно бројки не е од корист за никој. Веб адресата е одлично место да ги потенцирате Вашите клучни зборови. Ова му помага на интернет пребарувачите како и на корисниците да ја утврдат содржината на линкот.

Оптимизација на слики

Интернет пребарувачите не можат да регистрираат слики. Употребување на соодветни клучни зборови во фајл името на сликата како и додавање на описен текст таг му помага на интернет пребарувачите да ја утврдат содржината на сликата.

Креирање на 'Google XML Sitemap' (мапа на сајтот)

'Sitemaps' служат за да му најават на интенет пребарувачите за постоењето на страници на Вашиот веб сајт кои инаку не би ги откриле. Креирање и доставување на 'sitemap' овозможува интернет пребарувачите да бидат известени за сите страници од Вашиот сајт.

Проверување на уникатноста на содржината

Дупликатната содржина влијае врз Вашиот ранг. Исто така, читателите преферираат оргинална содржина. Ние ќе провериме дали содржината на Вашиот сајт е уникатна и дали Вашиот сајт содржи повеќе страници со дупликатна содржина.

Оптимизација на 'anchor' текстот

'Anchor' текст е видливиот дел од секој линк. Оптимизиран 'anchor' текст му помага на читателите, како и на интернет пребарувачите да ја утврдат содржината на линкот и игра важна улога во процесот на генерирање на линкови.

'Canonical URLs' (прописни веб адреси)

'Canonical URL' е преферираната верзија на 'URL' од повеќе 'URL-a', кои содржат многу слична содржина. Вообичаено е еден сајт да има повеќе страници со иста содржина, но од гледна точка на интернет пребарувачите тоа претставува проблем.

'Google Analytics' и 'Google Webmaster Tools'

Ќе Ви инсталираме и конфигурираме 'Google Analytics' и 'Webmaster Tools' сметки, ќе ги надгледуваме перфомансите на Вашиот сајт, ќе ги идентификуваме полињата со можност за напредување и ќе Ви испраќаме месечен извештај.

Оптимизација надвор од рамките на сајтот но поврзана со сајтот

Социјални мрежи

Социјалните мрежи Ви овозможуваат да ги запознаете Вашите потрошувачи со производите и услугите кои ги нудите и да ја зголемите посетеноста на Вашиот веб сајт. Ние ќе Ви отвориме и одржуваме сметки во Ваше име на најпопуларните социјални мрежи.

Социјални обележувачи

Социјалните обележувачи се еден од најбрзите начини Вашата веб страна да биде регистрирана од интернет пребарувачите. Ние рачно ќе ја доставиме Вашата веб адреса на сајтови за социјални обележувачи, зголемувајќи ги Вашите линкови и природен сообраќај.

Доставување до именици

Стекнете се со трајни едно-насочни линкови за да го зголемите Вашиот ранг на интернет пребарувачите и доведете дополнителен сообраќај до Вашиот сајт преку рачно доставување на Вашата веб адреса на сајтови за именици.

Креирање на блогови

Интернет пребарувачите преферираат нови содржини. Хранејќи ги интернет пребарувачите со нови содржини богати со клучни зборови, Вие редовно ќе го одржувате Вашиот веб сајт. Ние ќе Ви креираме сопствен блог за Вие да можете веднаш да почнете со објавување на нови содржини.

Коментирање по блогови

Коментирањето по блогови е одличен начин да се стекнете со квалитетни линкови до Вашиот сајт. Ние можеме да Ви помогниме да го раширите Вашето присуство на интернет преку поставување на коментари и линк до Вашиот сајт на соодветни блогови.

Коментирање по форуми

Коментирањето по форуми Ви овозможува да креирате линкови со оптимизиран 'anchor' текст. Ние рачно ќе одбереме форуми кои водат дискусии тесно поврзани со Вашата дејност и ќе креираме едно-насочни линкови на истите.