slogan-inner
blueline

Нашата Визија

ПРОБЛЕМ
Сите се плашиме за нашата иднина.
Нашите стравови нè прават себични и поради тоа се обидуваме да зграпчиме што повеќе ресурси за себе.
Како резултат на тоа, постојат многу сиромашни и гладни луѓе.
"Успешните" луѓе се исто така несреќни бидејќи постојано се брзаат за некаде и се под константен стрес.

РЕШЕНИЕ
Иницијативата за промена треба да произлезе од посилните индивидуалци.
Преку здружување во рамки на една поголема визија, треба да се ослободиме од нашите стравови и да мислиме повеќе и на останатите, а не само на нас и на нашите најблиски.

ВИЗИЈА
Започнавме со формирање на фирми во кои сите се рамноправни.
Постои целосна транспарентност, секој е запознаен со сè и главните одлуки ги носиме сите заедно.
Во услови на финансиска криза, сите плати благо се намалуваат и никој не добива отказ.
Фирмата наликува на семејство кое се грижи за своите членови.

Заедно сме посилни и како дел од поголемо семејство можеме да се ослободиме од нашите стравови.
Тоа ни овозможува да почнеме да им помагаме на другите луѓе и да формираме што повеќе вакви фирми.
Ја основавме Асидус во 2008 година, а во 2012 ја трансформиравме во семејство.

АЈДЕ ДА ГО ПРОМЕНИМЕ СВЕТОТ ЗАЕДНО
Бараме партнери за формирање на што повеќе фирми кои наликуваат на семејство.
Доколку веќе имате фирма и верувате дека тоа што го правиме е исправно, ве повикуваме да ни се придружите.

Адреса: Кланица 6/9 (стари згради)
E-mail: info@asidus.com