Запознајте нѐ
Асидус е софтверска компанија, основана 2007 година, која се занимава со изработка на интернет решенија за компании од целиот свет.
Како иновативна и креативна компанија за краток временски период успева брзо да се рашири како на домашниот, така и на странскиот пазар.
Асидус нуди секаков вид на интернет базирани софтверски решенија, вклучувајќи планирање и изведба на целосни веб сајтови, креативен графички дизајн и обработка на слики, решенија за интернет продавници, интернет маркетинг, како и интернет апликации со администраторски пристап за динамичко внесување на содржини.
За квалитетот на нашите услуги говорат многубројните клиенти како од Македонија, така и од САД, Кина, Австралија, Холандија.
"Наша цел е да понудиме решенија за подобрување на работните процеси на нашите клиенти и да им овозможиме едноставен и ефикасен начин на користење на информатичката технологија. Нашата мисија е поврзување на луѓето и организациите со информатички системи на иновативен, ефикасен и доверлив начин."
Нашата Визија
Ајде да го промениме светот заедно